Лазаров: Кога ќе направите 17 технички грешки – нема помош

news
Advertisement

Ова е трет почетен пораз на еден Мундијал за „жолто-црвените“ од осум натпревари со кои кои отворивме една голема планетарна смотра. По натпреварот селекторот го анализираше дуелот со двојниот светски вицешампион.

Advertisement

„Честитки за Норвежаните, заслужено победија и беа подобри од нас. Бевме добри дваесет минути, но невозможно е да се игра шеесет минути на тоа ниво против една селекција која ја сметам за една од четирите најдобри на светот. Кога ќе направите 17 технички грешки нема помош. Тоа е причината што загубивме со дванаесет разлика. Бевме добри дваесет минути, а и во вториот дел ги изненадивме со играта „седум на шест“. Сепак, во пет минути грешките донесоа лесни голови за противникот.Беше невозможна мисија, но ќе се подготвиме подобро за следните натпревари и ќе се обидеме да победиме против следните два противници. Ни следи Холандија која е моќна, но не е како оваа норвешка селекција“, изјави Лазаров по натпреварот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.