Данска ќе го откаже државниот празник за да заштеди пари

news
Advertisement

Данска ќе го откаже официјалниот празник , а причината за тоа е да и заштеди на земјата милијарди круни, јави ДПА.

Advertisement

Владата веќе го претстави планот за новата мерка.

Кабинетот на Мете Фредериксен го поддржува укинувањето на таканаречениот Голем молитвен ден, кој се одбележува четвртиот петок по Велигден, како официјален празник, според нацрт-законот подготвен од Министерството за труд.

Планирано е одморот да биде укинат од 2024 година и со тоа овој ден да стане работен ден. Сепак, сите луѓе кои работат со фиксна плата ќе добијат зголемување на нивната стапка од 0,45% од нивниот годишен надоместок.

Укинувањето на државниот празник би додало 3,2 милијарди дански круни или 430 милиони долари во државната каса, според пресметките на Министерството за финансии.

Приходите од оваа мерка се планира да се искористат за зголемување на трошоците за одбрана.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.