Advertisement
ТППЕ Струмица информира дека денеска интервенирале на гасење на запалени електрични броила во станбена зграда,
Advertisement
Пожарот избил во 19.15 часот, на ул.Панче Пешев бр.6, а противпожарната екипа интервенирала со 2 ПП возила и 6 пожарникари – спасители.
Пожарот е локализиран и ликвидиран брзо по пристигнувањето на лице место.
При гаснењето се користени пп апарати.
Тие апелираат во случај на пожар или друга елементарна непогода, граѓаните да повикаат 193.
Advertisement