Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата на северот на Косово

news
Advertisement

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја разбира сериозноста на ситуацијата на северот на Косово, изјави специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по денешната средба со него.

Advertisement

Денеска во Белград ја продолжив мисијата со средба со претседателот Вучиќ. Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите (на северот на Косово). Тој ја разбира сериозноста на ситуацијата“, напиша Лајчак на Твитер.

Вучиќ и Лајчак прво разговарале приватно, а потоа им се придружил и специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Вучиќ по средбите изјави дека имал „искрен и коректен“ разговор со Лајчак и Ескобар.

Лајчак и Ескобар денеска пристигнаа во Белград по дводневната посета на Приштина, во екот на зголемените тензии на северот на Косово, каде Србите од 10 декември ги блокираа патиштата поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Вучиќ најави дека на 15 декември ќе побара од мисијата КФОР одобрение за враќање на српските сили на Косово. Вчера во Приштина Ескобар изјави дека САД „категорично ја отфрлаат и воопшто не ја поддржуваат“ можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово.

Највисоките претставници на Косово денеска во Приштина ја потпишаа апликацијата за членство во ЕУ и најавија дека утре ќе и ја предадат на Чешка, претседавач со Европската унија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.