Турција одобри екстрадиција на Љупчо Палевски, главниот осомничен за убиството на тинејџерката Вања

news
Advertisement

Турција одобри екстрадиција на Љупчо Палевски, главниот осомничен за убиството на тинејџерката Вања

Advertisement

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на 5 декември 2023 година покажа фотографија од Палевски, после апсењето на 5 декември во Турција

Трансферот на Палевски, кој е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, останува дополнително да се договори

Дозвола за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, дале турските судски власти, соопштија од македонското министерство за правда. Трансферот на Палевски, кој е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, останува дополнително да се договори.

Од Министерството за правда, во изјава за МИА, посочиле дека во Турција бил завршен судскиот процес и административната процедура и дека на ред останува да се изведе неговото пренесување во земјава. Палевски во Турција се наоѓа во екстрадициски затвор повеќе од три месеци. Беше уапсен на 5 декември во градот Баликесир, откако по него беше распишана меѓународна потерница.

Според процедурите, после пристигнувањето во земјава на Палевски се очекува да му биде изречен 30-дневен притвор и да биде сместен во затворот во Шутка, во Скопје.

Во притвор се и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се товарат за соучество.

Од 25 овој месец, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето, е преместен во куќен притвор откако врховниот суд му ја уважи жалбата.

„Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од мене. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни“, рече Ѓорчевски на седницата на судот.

За Стефан Димовски, пак, се изречени мерки на претпазливост, кој е осомничен за помагање при бегството на Палевски во Турција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.