МВР на самиот 4 февруари ќе одлучува дали ќе забрани влез за Џамбаски

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи на самиот ден – на 4 феврураи ќе одлучува дали ќе му забрани на европратеникот Ангел Џамбаски влез во Македонија, по најавата дека радикални групи од Бугарија ќе ја одбележуваат годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје.

Advertisement

Ова министерот за внматрешни работи Оливер Спасовски го даде како одговор на новинарско прашање дали бугарскиот политичар ќе биде вратен назад ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на настанот.

– Ќе одлучиме на 4 февруари, нагласи Спасовски, кој дополни само дела врвен приоритет ќе биде да се сочува, мирот, стабилноста и јавниот ред.

Инаку Владата на вчерашната седница не донесе одлука за забрана за влез на Џамбаски во Македонија по претходна препорака на Советот за безбедност.

– Знаеме дека имаме радикални структури кои заради некакви лични, политички и секакви други интереси, сакаатда се нарушува тој процес на стабилизација на односите од една страна. Од друга страна заради тоа што никако несмееме да дозволиме да се наруши и безбедноста на нашите граѓани, изјави министерот за внатрешни работи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.