Истрага за перење пари во инвестиција на ДУИ во с. Гари

news
Advertisement

Управата за финансиска полиција денеска достави известување до Основното обвинителство за гонење на организиран криминал за инвестиција од 2016 година. Станува збор за сознанија поврзани со трансакциите, движењето на парите за изградба на фабриката за вода „Маја“ близу селото Гари. Обвинителството истражува евентуално перење пари преку оф – шор фирми од Кипар и Британските Девствени Острови за реализација на инвестицијата. Се проверува и лице од Украина. Фирмата МЛ – Гари од Македонија се појави и во протечените „Пандора документи“.

Advertisement

Станува збор за милиони документи до кои стигнаа некои светски медиуми, а кои откриваат како светски лидери, милијардери и познати личности ги кријат своите пари и имоти преку даночни оази. Регионални и меѓународни медиуми за известување на организиран криминал и корупција веќе пишуваа дека зад наводната хрватската инвестиција во Гари всушност се кријат оф – шор фирми. Тие им припаѓале на лица кои тесно соработуваат со високи функционери од Русија кои се дел од најтесниот круг соработници на Путин. Инвестицијата кај нас ја промовираа ДУИ и Али Ахмети во 2016 година. Сторијата е заедничка на Алсат и на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.