Левица: „Герасимовски одобри да се гради кај „Tреска” спротивно на препораката на ДКСК“

news
Advertisement

„Иако Јавното обвинителство води истраги за имотот на фабриката ‘Треска’ во општина Центар поради што антикорупциската комисија се изјасни дека на просторот на ‘Треска’ не смее да има градежни активности додека траат двете истраги – просторот на бившата фабрика забрзано се расчистува за градење, а веќе е издадено и одобрение за еден од објектите и се работи на ископот“, соопшти Левица.
„Да потсетиме дека гигантот за производство на мебел ‘Треска’, во кој работеа над 600 работници, отиде во стечај 1994 година оставајќи ги работниците без 24 исплатени плати и без 18 месеци придонеси! Сега, кога се почна со градба на можеби најатрактивната локација во општина Центар, потсетуваме на каков криминален начин овој имот на фирма во државна сопственост премина во рацете на градежните тајкуни.

Advertisement

Имено, стечајниот управител, иако имал должност да ги впише објектите на „Треска“ за тие да влезат во стечајната маса, со што би можеле да ги обесштетат и работниците, не го сторил тоа. Со денационализацијата, имотот преминува во рацете на семејството Виќентијевиќ. Бидејќи објектите на „Треска“ не се легализирани, сега си ги легализираат новите сопственици.
Со ова овој имот при рушење се признава во поврат на комуналии, со што се оштетува и буџетот на Општина Центар и Град Скопје за милионски суми.

Градоначалникот Герасимовски, иако има овластување и позитивни процедури, не иницира носење нов детален урбанистички план, иако ДУП-от по кој сега се расчистува теренот е веќе истечен, и тоа двапати (датира од 2012, а ДУП треба да се носи на секои 5 години)!

Кому му служи градоначалникот на Центар, Герасимовски, и неговиот СДСМ? На интересот на граѓаните на Центар или на неколку семејства од одбрани центри на моќ? Левицата се залага за итно носење нов ДУП за овој реон и расчистување со барем овој дел од долгите пипала на градежната мафија“, се наведува во соопштението на Левица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.