Лекција за помладиот: Мбапе исвиркан, Зидан дочекан како крал од фановите (Видео)

news
Advertisement

Доделувањето на „Златната топка“ повторно ја собра фудбалската елита на едно место, а меѓу присутните имаше голем број актуелни, но и поранешни големи ѕвезди на светската фудбалска сцена.

Advertisement

За домаќините ова беше посебно важно издание бидејќи првпат по 1998 година признанието му припадна на Французин, а еуфоријата беше поголема со оглед на фактот што однапред беше јасно дека наградата ќе ја добие Карим Бензема.

Фудбалските фанови преку ваквите манифестации можат да испратат и посебна порака до големите ѕвезди, а тоа се случи и вечерва во Париз, каде Килијан Мбапе и Зинедин Зидан беа пречекани на сосема различен начин.

Мбапе кој во последно време постојано е во медиумите поради препирки со ПСЖ и француската федерација, па дури и размислувал да ја бојкотира свеченоста поради слабиот пласман, беше исвиркан од фановите пред местото на одржување на свеченоста.

Од друга страна, Зизу доби величествен пречек, со аплаузи, овации и скандирања, а истото се случи и кога излезе на сцената за да го прогласи победникот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.