Тимот доктори кои извршија трансплантација на црн дроб добитници на наградата „23 Октомври“

news
Advertisement

Трансакцискиот тим составен од проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска се добитници на државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на науката и образованието.

Advertisement

На Клиниката за дигестивна хирургија, лани во ноември беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор – прва во историјата на македонското здравство. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Наградата ќе им биде врачена на 23 октомври 2023 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на РСМ.

Одборот за доделување на државната награда одлучи за остварување во областа на културата и уметноста, наградата да им се додели на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател.

Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.