Таравари ќе биде дел од власта: Ќе добие 3 министерски позиции, 3 заменик-министер и 30 директори?

news
Advertisement

Министерствата за здравство, образование, земјоделие, правдa и екологија се ресорите, од кои три ќе ѝ бидат понудени на Алијанса за Албанците да стане дел од Власта.

Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски денеска напладне закажа средба во Владата со в.д. претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Ако дојде до договор Алијанса да стане нов владин партнер и во зависност од договорот на министерствата ќе зависат и трите заменик-министерските позиции кои ќе ѝ припаднат на партијата на Таравари. Во игра се заменик-министерските функции за правда, за труд и социјала и за транспорт. Алијанса бара и 30 директорски позиции, но нема потврда колку ќе добие.

Трите владини партнери СДСМ, ДУИ и Алтернатива ќе треба да отстапат по едно министерско место за Алијанса.

Неофицијално, за ресорот здравство со кој раководи Беким Сали од Алтернатива нема никаква дилема дека ќе биде понудено на Алијанса, ДУИ е во дилема дали да се збогува од ресорот образование или животна средина, СДСМ размислува меѓу правда и земјоделие.

Освен распределбата на ресори, од Алијанса брифираат дека клучно за влез во Владата ќе биде и главните програмски определби на партијата да станат дел од владината програма.

Алијанса ќе инсистира при отворањето на Уставот за влез на Бугарите во преамбулата во пакетда оди и замената на формулацијата „20 отсто“ со албански јазик, за што како што велат, веќе е договорено.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.