Ова е најпосакуваната чанта на сезоната: Таа е шик, идеална за апсолутно сите прилики, а славните дами не се одвојуваат од неа

news
Advertisement

„Balenciaga“ станува сè подоминантен бренд кој лесно наметнува трендови и чии креации се најчест избор на славните убавици, особено во секојдневната мода.

Advertisement

Оваа сезона тие лансираа тренди чанта која „се заканува“ да стане најпосакуваното парче на есента – станува збор за моделот „Crush“.

Оваа чанта е инспирирана од легендарната претходничка – моделот „Hourglass“, односно доаѓа во идентичен облик, но е унапредена. Таа е малку полежерна, позаоблена и се изработува од мека, набрана кожа. Креативниот директор на „Balenciaga“, Демна Гвасалија, всушност имал за цел да креира секојдневна, поопуштена верзија од моделот „Hourglass“, а во тоа и успеал!

„Crush“ чантата се карактеризира со специфична силуета на песочен часовник, односно трапезоиден облик и остри рабови, а ја красат едноставни предни копчиња во облик на буквата „B“ која асоцира на логото на брендот и која служи како магнетен затворач, како и дебел ланец наместо вообичаената рачка.

Чантата доаѓа во две големини – мала и средна со тоа што цената на малата е 1.950 евра, додека средната верзија изнесува 2.250 евра.

Кога станува збор за палетата на бои во кои „Crush“ доаѓа, сигурно е дека „Balenciaga“ во наредните месеци ќе понуди уште нијанси, но засега помалиот модел е достапен во бела, црна, розова и сребрена боја, додека средниот во бела и црна боја.

Овој модел не е создаден да импресионира „на прва“ – тој е едноставно кул и ненаметлив, но токму во таа суптилност е совршен. Се приспособува на секој моден стил и е прилично сестран, односно може да се носи и во дневните и во ноќните варијанти.

Славните трендсетерки веќе ја поседуваат чантата „Crush“, а манекенката Бела Хадид како и актерката Никол Кидман практично не се одвојуваат од своите модели.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.