Мислел дека нема полиција бидејќи е празник – прелетал со 222 км на час, а полицијата едвај го сопрела неговиот „ѕвер“ среде автопат

news
Advertisement

Со радарска контрола регистриран е возач како вози со 222 километри на час по автопатот од Куманово кон Велес, а МВР сподели со медиумите фотографија направена од екранот на радарот. Вкупно се казнети 90 возачи во периодот на контролите од 9 до 16 часот.

Advertisement

Од казнетите возачи, 13 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.