Лепа Брена утре доаѓа во парфимерија во Скопје да промовира хулахопки!

news
Advertisement

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена утре ќе биде во Скопје, каде ќе го промовира својот бренд на хулахопки – Lady B.

Advertisement

Промоцијата ќе се одржи во парфимеријата Cosmo во Зебра со почеток од 15 часот. Од таму ја објавија веста за присуството на пејачката, која лани за првпат ги претстави своите женски чорапи, за кои истакна дека го кријат целулитот и проширените вени, а биле иделани и за повозрасни жени.

Составени се од хијалуронска киселина и златни наночестички. Ова се чорапи со кои без проблем може да се носат мини здолништа. Не се гледа целулит, лузни, проширени вени, може да се стои долго време и нема да ве болат нозете.

Јас 40 години пеам и играм на високи штикли и тоа е доста напорно. Веќе една година ги носам специјалните чорапи, и во нив се чувствувам слободно и комотно- изјави Брена лани, за време на промоцијата во Белград.

Кажа дека сака производот да го купуваат сите, па затоа се продавал по цени од 20 до 30 евра, за да и биде достапен на секоја жена која има проблем поради долго стоење.

Мотив да го започне бизнисот со хулахопките и биле критиките на сметка на изгледот кои ги добивале жените повозрасни од 50 години.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.