Летнат кров, врне дожд директно во стан, комбе со 15 патници заглавено во вода – Скопје по невремето

news
Advertisement

Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.

Advertisement

Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.

На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 – пријави дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример) но сепак тоа е пријава од лице место на засегана страна. За ова се веже известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.
Под подвозникот кај хотел Континентл имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под Куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно кобе, вкупно 15-етина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.