Лидерите на ЕСП во Општина Гостивар на средба со Таравари за официјализирање на коалиција

news
Advertisement

Лидерите на Европски сојуз за промени, Биљал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити, како и претставникот на косовското Самоопределување, Беким Ќоку, разговараа во Општина Гостивар со градоначалникот и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Пред средбата Меџити и Касами изјавија дека целта на оваа средба е солидаризација со Таравари поради состојбите во Алијанса и координација на политичките активности со цел да се официјализира коалициска соработка партијата на Таравари.
„Дојдовме на кафе-муабет со Таравари, градоначалникот на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците, за да разговараме за претстојните нестани што не очекуваат, за нашата визија, планови за настани и средби со граѓани и да му искажеме солдарност, поддршка поради случувањата во изминатите денови“, рече Касами.
На прашањето кога ќе се официјализира коалицијата на Европски сојуз за промени со партискиот дел од Алијанса кој стои зад Таравари, Касами кусо одговори:„Овие денови“.
Весникот Лајм објави и инсерти од состанокот, од кои може да се види дека состанокот се одржува во кабинетот на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.