Катица Јанева работи во адвокатската канцеларија на синот, платата оди на сметка на затворот

news
Advertisement

Шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева преку Фејсбук објави дека се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, Лазар Јанев. Информацијата во изјава за МКД.мк ја потврди нејзиниот син. Во изјава за МКД.мк директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Станковиќ вечи дека платата од работата на Јанева ќе оди на сметка на затворот Идризово

Advertisement

Во изјава за МКД.мк Лазар Јанев рече дека е добиена согласност од Управата за извршување на санкции. Тој додаде дека неговата мајка, Катица Јанева има уште две и пол години за доиздржување на затворската казна и дека повторно не е побарано помилување.

Привилегијата да може да работи, излегувајќи од затворот наутро, Јанева ја стекнала со оглед на тоа што има изджано 5 од 7 години од казната, како и со добро поведение.

„На Јанева ѝ е издадено решени да може да оди на работа, а штом ќе заврши работното време, таа се враќа во затворот. Платата оди на сметка на затворот. Решението ќе важи се додека таа и навистина оди на работа и ги почитува условите од решението, односно ќе се прават строги контроли во таа смисла“, изјави за МКД.мк директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ.

Директорот уште додаде дека за да се добие привилегијата казната за доиздржување не треба да е поголема од 3 години, нагласувајќи дека Јанева ги исполнува сите услови и дека е една од околу 100 осудени лица кои излегуваат дневно од затворите со ваков третман.

Катица Јанева беше осудена на 7 години во случајот Рекет, во кој случај затворска казна од 9 години доби шоуменот Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Синот Лазар Јанев пак, беше вработен како менаџер во телевизијата што ја имаше отворено Јовановски. По затворањето на телевизијата, тој започна да работи како адвокат, а потоа отвори и своја канцеларија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.