Лидерот на бугарската фондација „Македонија“ не ја преминал границата

news
Advertisement

Лидерот на фондацијата Македонија, Виктор Стојанов по своја желба ја напуштил колоната за чекање на Деве Баир, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати в функција. Откако тој и неколку други бугарски државјани се скараа со полициски службеници и упатија погрдни зборови кон нив, решил да си замине.

Advertisement

Портпаролката на СВР, Куманово, Ивана Младеновска за РСЕ изјави дека лидерот на бугарската фондацијата Македонија, Виктор Стојанов самоиницијативно ја напуштил колоната на возила која се наоѓала на граничниот премин Деве Баир меѓу Северна Македонија и Бугарија и се вратил назад, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција.

Од Министерството за внатрешни работи претходно денеска кажаа дека на граничните премини паднал системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

„МВР информира дека системот на сите гранични премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи“, велат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.