Тензии на ГП Деве Баир, системот не работи

news
Advertisement

МВР официјално соопшти дека компјутерскиот систем на граничните премини е паднат и засега е отежнат влезот во Македонија. Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гробот на великанот Гоце Делчев, не можат да влезат во државата и предизвикуваат вербални расправии со македонската полиција.

Advertisement

„Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

На ГП Деве Баир е тензично, бугарски државјани со навреди се расправаат со македонската гранична полиција. „Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки“, им рече еден од нив на македонските полицајци.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.