Advertisement
Advertisement
Пејачката Зуица Лазова сподели убава вест.
Нејзиното првородено чедо, ќерка ѝ Македонка прослави роденден.
Со емoтвина порака и песна на која пејат тие две, мајка и ќерка, гордата Зуица напиша:
„О мама,мама, мама роди ме!….
Те родив на овој ден(28.01) пред 23 години, личнотијо мајкина и оттогаш, засекогаш неизмерно те љубам“.
Македонка која вчера наполни 23 години е оперска пејачка која ја потврди тезата дека „гените се чудо“, како ќерка на едни од најдобрите вокали на фолк-сцената Наум Петрески и Зуица Лазова. Го наследи нивниот талент, но го насочи во друг правец.
А и нивниот син Стефан исто така тргна по музичкиот пат. Учи во ДМБУЦ Илија Николовски Луј , во фоклорниот оддел.
Р.Ж.М.
Фото и Видео: Фејсбук
Advertisement