ЛОГА ДРЗОК: Ако ВМРО-ДПМНЕ го напуштат Собранието, тоа е гест за поздравување!

news
Advertisement

Законот за амнестија со кој се отвора можност на слобода да излезат и обвинети за грозоморното убиство на Смиљковско езеро ќе влезе во Собранието дури по 10 октомври. Автор и предлагач на законот – министерот за правда Лога заминал на службен пат во САД.

Advertisement

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски пак, на средба со пратеничката група за да го потврдат ставот доколку законот оди со европско знаменце за да се скрати процедурата или пак, власта го злоупотреби Деловникот.

„Законот за амнестија за убијците во Монструм и други криминалци нема да помине ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира, а при ставено европско знаменце напушта парламент. Власта прави договор со мафијата за да и одработи пред избори“, велат од партијата на Мицкоски

Иако без конечен став, и албанската опозиција смета дека оваа амнестија е политичка алатка на власта пред избори.

Но дури и додека патува министерот за правда дрско одговара на најавите на опозцијата – напуштањето на Собрнаието е добредојдена вест за граѓаните

„ Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна“, велат од правда.

Но, на патот на Лога не стојат само пратениците на опозицијата . Амандамни најавуваат и од владејачката СДСМ. Сепак, од таму критиките ги насочуваат кон ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ даваат поддршка на законот.

Според најавите амнестијата во парламентот ќе оди по скратена постапка, но не и како европска бидејќи и министерот бил против злоупотреба на европското знаменце.

ИЗВОР: https://denesen.mk/loga-drzok-ako-vmro-dpmne-go-napushtat-sobranieto-toa-e-gest-za-pozdravuvanje/

ЛОГА ДРЗОК: Ако ВМРО-ДПМНЕ го напуштат Собранието, тоа е гест за поздравување!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.