Мицкоски за претседателските избори: Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во првиот круг ќе води пред ДУИ и СДСМ со стотина илјади гласа

news
Advertisement

ВМРО ДПМНЕ влегува на овие избори како фаворит, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во првиот круг, ќе го води кандидатот на ДУИ и на СДСМ околу стотина илјади гласа, моето анализирање на моменталната состојба вели така и нема потреба зошто ние да ги бојкотираме претседателските избори, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето во Радио Лидер, дали е вистина дека партијата ќе ги бојкотира претседателските избори ако тие не се на иста дата со парламентарните избори.

Advertisement

„Прашањата сега се кои се предизвиците со кои ќе се соочи Македонија во периодот што следи, а кои што се поврзани со тој изборен процес и со парламентарните избори, затоа што ако изборите не бидат успешни, што е можно, сега веќе нема полнење на кутии и злоупотреби како во минатото бидејќи има фингерпринт терминали. Многу е важно како ќе се организираме, ние сме на четири месеци од почеток на официјална кампања и ако нешто е сигурно ние претседателски избори мора да завршиме во април месец. Ако тој процес е успешен ние треба да имаме претседател на 12 мај, во принцип две недели треба порано да заврши вториот круг . Тоа значи дека вториот круг најдоцна треба да заврши на 28 април заради прегласувања, жалби.. Официјалната кампања почнува средината на март… Еве Владата вели и они како размислуваат сега, кај СДСМ ДУИ одлучува кој ќе биде претседателски кандидат и претпоставувам дека раководството на СДСМ ќе застане позади тој кој што ДУИ ќе го подржи, односно Али Ахмети. И они велат ќе победиме на претседателски избори и после месец два ќе одиме на парламентарни избори, но тоа е нелогичен потег, бидејќи они се претставуваат како европски фронт, се грижат за државата. Но ако се грижат за државата, треба да се грижат и за ресурсите на државата. Дали Македонија има доволно финансиски ресурски за така краток период да изработи и плати два изборни циклуси, односно три, имајќи во предвид дека имаме два круга за претседателски избори, изјави Мицкоски.

Ние пристапувавме логично, рековме дајте со вториот круг на претседателски да ги организираме и парламентарните избори, е не тие имале друга замисла. После рековме дајте да седнеме да разговараме и да ги договориме датите за да се подготват институциите, народот. партиите, но ете нема желба за лидерска, изјави Мицкоски.

Имаме чудна состојба во која опозицијата се однесува одговорно, а власта се однесува неодговорно, констатира Мицкоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.