Лога за „А1он“: Надзор кај Нанев поради сомнежи за манипулација со АКМИС системот

news
Advertisement

Министерството за правда преку Комисијата за надзор ќе изврши проверка во Основниот суд во Кавадарци поради можни сомнежи за манипулација со АКМИС системот, потврди за „А1он“ министерот Кренар Лога.

Advertisement

– Овој надзор беше планиран и во годишниот план за надзор. Но, исто така повод за него се и наводите од информации кои беа доставени до Судскитот совет за сомнежи за манипулација на АКМИС системот – рече министерот Лога за „А1он“.

Претседател на Основниот суд во Кавадарци е судијата Лазар Нанев кој пред само неколку дена беше разрешен од функцијата претседател на Советот на информациско комуникациски технологии во правосудствот, токму од министерот Кренар Лога.

Лога тогаш изјави дека од материјалите на Судскиот совет се констатирани сериозни тврдења за нарушување на интегритетот на судијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.