Албански медиуми: Дел од оружјето во Бањска е од српската фабрика „Застава“; САД со силни гаранции за Заедницата; во Албанија пратениците од опозицијата продолжуваат со инциденти

news
Advertisement

Српската фабрика за оружја „Застава“ потврди дека фрлачи на гранати М93, запленети по нападот во Бањска, се дел од нивната архива. Среде вревата и критиките за тоа што косовскиот премиер изразил подготвеност да го потпише на 26 октомври, во четвртокот граѓаните на Косово добија уверување дека оваa Заедница нема да има извршни овластувања и нема да создаде дополнително ниво на моќ, пишуваат косовските медиуми

Advertisement

Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО
Радио Слободна Европа: Фабриката за оружје во Србија признава дека фрлачите на гранати конфискувани во Бањска се во нејзината производствена архива
Два фрлачи на гранати М93, кои беа запленети по вооружениот напад во Бањска во Звечани, се дел од архивата на производството на фабриката за оружје „Застава“ во Крагуевац.

Ова се наведува во одговорот што овој производител на оружје во Србија го испрати до Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа, по барањето за пристап до информации од јавно значење.

Бота Сот: Косово доби силни гаранции од САД за Заедницата – Конечниот збор во Уставниот суд
Среде вревата и критиките за тоа што косовскиот премиер изразил подготвеност да го потпише на 26 октомври, во четвртокот граѓаните на Косово добија уверување дека оваa Заедница нема да има извршни овластувања и нема да создаде дополнително ниво на моќ.

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави дека нацрт-статутот што му е предложен на Косово за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство ги исполнува сите критериуми што ги предвидуваат САД за тоа.

„Тоа мора да биде во согласност со сегашниот Устав на Косово. Не треба да се бараат уставни измени. Тоа мора да биде во согласност со одлуките на Уставниот суд. Не треба да има извршни овластувања. Не треба да има дополнително ниво на моќ.“, изјави меѓу другото Ховениер, пренесува Бота Сот.

Зери – Извештај на ЕК за напредокот: Не е јасно како ќе бидат обесштетени жртвите на воените злосторства
„Европската комисија во средата го објави Извештајот за Косово за 2023 година (период јуни 2022 – јуни 2023 година). Врз основа на овој извештај, Косово до сега не понуди финансиска поддршка за жртвите за кои Специјалниот суд утврди дека настрадале како резултат на војната и злосторствата против човештвото.“, пренесе Зери.

Арбреш: Нападнат в.д. директорот на рудникот во Трепча
Вршителот на должноста директор на рудникот Трепча, Бахри Карача, бил физички нападнат во неговата канцеларија.

Веста за Арбреш инфо. ја соопшти портпаролот на регионалната полиција во Митровица, Авни Захити. Карача потоа бил испратен на укажување лекарска помош, додека осомничениот бил приведен на разговор во полициската станица во Митровица.

АЛБАНИЈА
Топ Чанел: Инцидент во раните утрински часови на состанокот на Комисијата за европски прашања
Се случи инцидент во раните утрински часови на состанокот на Комисијата за европски прашања. Пратениците на ДП, Оерд Биликбаши, Саимир Кореши и Лефтер Гештења побараа комисијата да биде затворена, не дозволувајќи да продолжи состанокот.

Во оваа комисија се расправаше за одобрување на Комисискиот Календар за разгледување на фискалниот пакет и предлог-законот „За Буџетот за 2024 година“. За време на средбата, пратениците интервенираа со плескање со рацете на масата додека го креваа својот глас. Ова е повторен случај од страна на пратениците бидејќи го спречија состанокот и во други комисии, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА
Бота Сот: Генезата на политичарите милионери од украдени пари!
„Повеќето од милионите од наводно „наследеното“ богатство на поранешните власти (денешна опозиција) се од два познати фонда: Фондот „ТАТКОВИНА ПОВИКУВА“ инаку познат како „Воен фонд“ и „3% фонд“ или „Фонд на Републиката“, пишува косовскиот автор Флорим Зеќа.

Тој во колумната се осврнува на милионите евра од дијаспората што со децении се слеваат во Косово во неколку фондови наменети за потребите на државата и населението.

И покрај тоа што имаше обвинувања и контраобвиненија за злоупотреба на парите на народот, поточно милиони сонародници од нашата дијаспора, ниту еден случај не е отворен од обвинителството и покрај тоа што од 1999 година е можно да се направи таков работа!“, пишува Зеќа понатаму во колумната „Генезата на политичарите милионери од украдени пари!“, објавена во Бота Сот.

ИЗВОР: https://civilmedia.mk/albanski-mediumi-del-od-oruzhjeto-vo-banska-e-od-srpskata-fabrika-zastava-sad-so-silni-garantsii-za-zaednitsata-vo-albanija-pratenitsite-od-opozitsijata-prodolzhuvaat-so-intsidenti/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.