Пендаровски бара казни за организаторите на вчерашните јавни собири во Тетово и Чаир за игнорирање на симболите на државата

news
Advertisement

Претседателот Стево Пендаровски во реакцијата по вчерашната посетата на косовскиот премиер Албин Курти бара организаторите на јавните собири во Тетово и Чаир законски да бидат санкцонирани за употребата на државното знаме, химна и знамињата и симболите на заедниците и за игнорирање на симболите на државата.

Advertisement

„Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава“, стои во реакцијата на претседателот Пендаровски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.