Локализиран пожарот кај Стара рампа/ФОТО

news
Advertisement

Пожарот кој избувна позади Билната аптека кај Стара рампа во Кисела Вода е локализиран. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, изгорела бараka која се наоѓала на улицата „11 Октомври“, веднаш до барака во која се продавале чевли. Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран.

Дојава за пожарот на телефонскиот број 122, како што информираат од ЦУК имало од повеќе граѓани во моментот кога се појавил чад.

Advertisement

Неофицијално, според изјави на граѓани во таа барака имало Роми кои палеле, па се претпоставува дека тоа е причината за пожарот. Се претпоставува дека црниот чад е од тоа што внатре најверојатно имало пластика.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.