Лукаревска објави: Платите на вработените во УЈП се зголемуваат за 30 отсто

news
Advertisement

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска во емисијата „SummerClick“ на ТВ21.рече дека во петокот е постигнат договор со синдикатот и вработените во УЈП ќе добијат покачување на платите.

Advertisement

„Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии“, рече Љукаревска.

На прашањето кога ќе добијат покачување на платите, Љукаревска нагласи дека од следната недела платите ќе се исплаќаат со покачување од 30 отсто. Таа појасни дека договорот е постигнат на колегијален, транспарентен начин и преку решавање спорови.

Триесет отсто повисоки плати или генерален штрајк и блокада на даночниот сиситем и исплатата на плати. Ова беше условот на синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) кој го достави минатиот месец до Министерството за финансии. Процедурата за генерален штрајк беше почната со претходење на процес на медијација.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.