Спасовски: Кандидатот за претседател да ги обедини структурите кои споделуваат европски вредности

news
Advertisement

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето дали ќе се кандидира за Претседател на Република Северна Македонија, рече дека за тоа ќе се разговара на ниво на партија и дека такви одлуки ќе донесат партиските органи.

Advertisement

Во гостување на ТВ „Алсат“ на прашањето дали ќе биде кандидат за претседател согласно резултатите од анкетите, и дека неговото име се споменува сѐ почесто како што се приближуваат претседателските избори, тој рече:

„И анкетите и признанието од страна на граѓаните се само уште еден мотив повеќе да се посветам максимално за да ги завршиме сите работи кои ни стојат на рапсолагање. Затоа, за мене воопшто не е важно колку време трае мандатот – јас од првиот ден кога дојдов овде, тргнав кон остварувањето на целите кои ги зададов. Без притоа да калкулирам колку би можел да трае мандатот на министерот, дали еден, дали повеќе мандати, дали една година итн. Ако тргнете со пристап дека треба нешто да завршите и да ја остварите целта која ја имате, тоа е доволно важно за себе и за сите други кои се околу – да се препознае таа намера и да се оствари целта. Во политичкиот дел за тоа сигурно дека ќе се разговара на ниво на партија, на ниво на партиски органи во носењето на таквите одлуки”.

Тој реше дека воопшто не размислува за имињата за кандидат на Претседател на фдржавата кои се споменуваат во јавноста и дека тоа засега е на ниво на шпекулации.

„Да, јас ги слушам спомнувањата на имиња, меѓутоа сето тоа е во рамки на шпекулации, разговори кои ги има во јавноста… Меѓутоа, јас сега воопшто не размислувам на тоа прашање. Можеби ќе дојде тема на која ќе разговараме и ќе ги соочиме сите аргументи„, рече Спасовски.

Тој рече дека за него е важно да се направат добри анализи и да се обединат сите структури кои подразбираат или ги споделуваат заедничките европски вредности, вредности за напредокот на државата. Според него таа опција треба да ја предводи Македонија и во наредните четири години.

„Тоа е мојот врвен приоритет и за тој приоритет ќе се борам. Личните амбиции, личните судбини и политички калкулации воопшто не се важни, за нас треба да биде важна Република Северна Македонија и секој еден граѓанин”, изјави Спасовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.