Приведено лице од Албанија, кај него пронајдени фалсификувани лични документи

news
Advertisement

На 16.12.2022 во 12.00 часот на граничен премин Делчево, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Делчево го лишиле од слобода Л.М.(53) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа што ја приложил била фалсификувана.

Advertisement

Исто така, при преглед кај него и во возилото во кое се превезувал, во багажот биле пронајдени фалсификувани италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола на негово име, како и оригинална лична карта на лице од Италија.

Loading…
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој признал дека документите се фалсификувани и дека ги набавил од лице од Албанија за одредена сума на пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.