Луѓето со попреченост дискриминирани од ПОЦ, велат од Левица

news
Advertisement

ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост, тврди партијата Левица.

Advertisement

Левица смета лицата со попреченост се дискриминирани поради неспособност и отсуство на политичка волја на владејачката гарнитура.

„Еден од примерите за дискриминација на лицата со попреченост е неможноста сите лица со попреченост да користат повластен паркинг во општина Центар“, изјавија од партијата.

Според правилникот на ПОЦ, лице со попреченост има право на повластен паркинг доколку тоа или близок член на семејството поседува возило, а ваквите лица често не се во состојба да возат. Со правилникот не се опфатени личните асистенти на лицата со попреченост.

„При еден ваков случај кај жена со претрпен мозочен удар, одговорот кој го добила од Управниот одбор на ПОЦ бил да си плати тн гостинска картичка за персоналниот асистент – што е директна дискриминација! Поради преголемиот трошок за паркинг, кој личните асистенти мораат секојдневно да го плаќаат при вршење на својата работа, истите се откажуваат .од неа, при што директна штета трпат лицата со попреченост“, велат од партијата.

Од Левица бараат, директорот на ПОЦ – Душко Коцевски итно да иницира мерки за промена на, како што велат, дискриминирачкиот Правилник.

„Со корекција на Правилникот на ПОЦ, многу лесно може да се изнајде соодветно решение за проширување на лицата за повластен паркинг да можат да ги користат и личните асистенти на лицата со попреченост“, велат од Левица.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.