Спасовски: Има простор да се проверат финансиските текови за сопственоста на Дрин Ахмети во Соравиа

news
Advertisement

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека податоците кои се изнесени според кои внукот ан Али АХмети се стекна со 39 отсто од сопственоста на трговскиот центар „Соравиа“ има простор да се направи проверка на финансиските текови. Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање сдали МВР ќе провери како Дрин Ахмети се стекна со 39 проценти од Соравиа.

Advertisement

„Ова се податоци и информации кои што даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови. Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и врз основа на тоа да задолжи надлежни институции за спроведување на законот и да се проверат сите овие факти и аргументи“, изјави Спасовски по конференцијата и дебатата за борбата против семејсното насилство. Тој рече дека мора да има одговорност за секој што постапил спротивно на законските, во одговор на прашањето дали ќе има некаква одговорност доколку се утврди незаконско работење.

„Мораме да бидеме сите еднакви и да нема селективност во делот на спроведувањето на правдата. Во однос на морална одговорност, тоа е работа на премиерот кој што оценува на кој што начин ќе се спроведат ваквите активности“, рече Спасовски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.