СДСМ – Потребна е поширока јавна дебата за Законите за матична евиденција и за родова еднаквост

news
Advertisement

Потребана е поширока јавна дебата за Законот за матична евиденција и Законот за родова еднаквост, одлучи Извршниот одбор на владејачката партија СДСМ на синоќешната седница. Одлуката доаѓа во пресрет на повиците на Македонската православна црква -Охридска архиепископија на сенароден собир в четврток, против законот за родова еднаквост.

Advertisement

СДСМ соопшти Предлог Законот за матична евиденција Владата го повлече од собраниска процедура во март 2022 година за да се направи дополнителна консултација, за да исполнат очекувањата на целото општеството. Врз основа на ова, Извршниот одбор одлучи дека во ваква форма Законот за матична евиденција не треба да биде донесен и треба да продолжи процесот и вклучување на сите засегнати страни со цел изнаоѓање општо прифатливо решение.

Во однос на Предлог – Законот за родова еднаквост донесен е заклучок да продолжат консултациите и да се прошири јавната дебата со вклучување на сите засегнати страни, за да се донесе решение во интерес на целото општество, пред Предлогот за влезе во владина и собраниска процедура. Предлог – законот за родова рамноправност е ставен на Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР), лани во септември и за него досега се организирани неколку јавни дебати.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.