Магацинот во тетовско гореше и денеска – „Земјата нема опрема за мерење на органските загадувачи“

news
Advertisement

И денеска тетовскиот магацин гори, иако цела ноќ пожарникарите се бореа со пламените јазици. Четири од нив дури побарале лекарска помош.

Advertisement

„Цела ноќ бевме тука и како што се гледа уште гори и има чад во објектот и како што знаеме во објектот имало разни лакови, плински боци, бојлери и се што се продава во овој магацин во нашиот полошки регион. Верувам дека денеска ќе го изгасиме пожарот и е тешка ситуација за пожарникарите, сите пожарникари кои учествува, и Центарот за управување со кризи и сите институции но и општина Тетово, ни излегоа во пресрет на нас пожарникарите.“, вели Авни Ахмети, началник на ППЕ Тетово.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, апелираше до општина Тетово што побрзо да почне со зголемување на бројот на пожарникари и единиците да се опремат со соодветна заштита бидејќи тие биле единствените кои интервенираа без заштитна опрема.

Но што е со загадувањето на животната средина од пожарот на овој магацин каде имаше и хемикалии?
Министерката за животна средина, Каја Шукова, рече дека во Македонија институциите немаат опрема за мерење на органските загадувачи и затоа на терен излегле институциите за да видат како можат да помогна од овој аспект.

За загадувањето реагираше и Движењето Еко Герила од каде изразија загриженост за катастрофата што се случи во селото Фалиште во близина на Тетово. Од таму велат дека ова е втор пат во Тетово да се случуваат непогоди од катастрофални размери. Време е надлежните институции и инспекторати да ги разгледаат законските прописи со кои ќе има построги контроли и стандарди за заштита од пожари во фабриките или магацините каде што има хемиски материјали, чие палење може да предизвика големи катастрофи како оваа, велат од Еко Герила. Додаваат дека треба да се разгледа дали фабриките или магацините со ваков профил, треба да бидат блиску до населени места или треба да бидат лоцирани во индустриски зони далеку од населените места.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.