Маж од Ирска ја силувал својата онесвестена сопруга со предмети за домаќинството

news
Advertisement

11 години затвор е осуден мажот од Ирска кој постојано ја силувал сопругата во несвест со предмети за домаќинството. 49-годишен маж од Даблин минатиот месец поротата го прогласи за виновен по 11 точки од обвинението за сексуално злоставување на сопругата во периодот од јануари 2005 до септември 2014 година, пишува Daily Mail.

Advertisement

Судијата Пол Барнс рече дека е тешко да се замисли низ што поминува жртвата кога ги нашла фотографиите од злоупотреба на нејзиниот компјутер. Сопругата на насилникот пред судот изјавила дека открила дека нејзиниот сопруг, со кого била во брак повеќе од 20 години, ја силувал неколку пати додека спиела.

Во текот на судењето, обвинетиот тврдеше дека е невин. Неговата сопруга рече дека страдала од анксиозност, депресија, несоница и напади на паника по распадот на бракот. Таа рече дека се борела со финансиски проблеми и дека морала да бара пари од семејството.

Зошто ми го направи тоа? Колку време траеше тоа? Како не знаев? Дали тој секогаш бил ваков? – рече таа и додаде дека имала чувство дека е мажена за странец кој одвратно и насилно ја малтретирал. Жртвата ги пронашла застрашувачките фотографии на компјутерот на нејзиниот сопруг во 2019 година, а потоа го замолила да го напушти семејниот дом. Двојката е во брак повеќе од 20 години и имаат заеднички деца.

Извор. https://centar.mk/blog/2024/01/15/mazh-od-irska-ja-siluval-svojata-onesvestena-sopruga-so-predmeti-za-domakinstvoto/?fbclid=IwAR3uve9aNVjPbbcsizZtkkxpr2sBT9gotdVk71bfWP20chh5-2I5Gf3MZIY

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.