Талат го обвинува Муса Џафери дека не се разбира од закони

news
Advertisement

Претседателот на Собранието Талат Џафери го обвинува Муса Џафери дека не ги познава законските и уставните процедури и неосновано го обвинува дека не може да има партиска функција додека е претседател на Собранието. Џафери побара сите кои имаат дилеми да одат во Уставниот суд, пишува Алсат.

Advertisement

„Ако мојата партија не може да ја направи оваа дистинкција, барем вие да направите таква разлика. Ниту еден Устав не може да ме спречи да станам член на кој било партиски орган. Талат Џафери и во партиските органи и овде јавно, од почетокот на функцијата претседател на Собранието, се изјасни дека го суспендира правото на одлучување во партиските органи. Повелете, имате Уставен суд, се надевам дека мандатот на членовите кои треба да работат таму сè уште не е поминат. Овде немате право да одлучувате дали јас сум во право или не.“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Во отсуство на пратениците на ДУИ, пратениците на СДСМ го поддржаа Џафери.

„Уставот забранува едновремено да се биде и претседател на Парламентот и да се има партиска функција, освен едноставно членство. Во саботата на седницата на Генералниот совет во Тетово, Џафери го напушти состанокот поради две причини: Не се согласи со форматот на потпретседателите на партијата и второ, како што рече самиот, немал право на глас во партијата бидејќи е претседател на Собранието“, рече Јован Митревски, пратеник на СДСМ.

Учеството на Џафери во претседателството, како што најави Муса Џафери, ќе биде предмет на разгледување на Надзорниот совет во ДУИ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.