Македонските газди сакаат работниците да работат 48 часа, а да им платат само 40

news
Advertisement

Македонските газди не сама што не размислуваат да ја скратат работната недела туку не им ги плаќаат на работниците ни дополнителните работни часови. Тие сакаат работниците да работат 48 часа, а да им платат само 40. За разлика откај нас, работодавците во Шпанија, Нов Зеланд, Јапонија, Данска, Исланд, Луксембург… веќе почнаа да практикуваат пократка работна недела за иста плата. Последна од европските земји кои воведоа пилот- проект за пократка работна недела е Германија, каде што работниците работат четири дена, а земаат плата за пет.

Advertisement

Додека во европските земји четиридневната работна недела станува реалност, кај нас останува само сон. Македонските газди не сама што не размислуваат да ја скратат работната недела туку не им ги плаќаат на работниците ни дополнителните работни часови. Тие сакаат работниците да работат 48 часа, а да им платат само 40. За разлика откај нас, работодавците во Шпанија, Нов Зеланд, Јапонија, Данска, Исланд, Луксембург… веќе почнаа да практикуваат пократка работна недела за иста плата. Последна од европските земи кои воведоа пилот- проект за пократка работна недела е Германија. На први февруари, во 45 компании во Германија почна тестирањето за четиридневна работна недела, односно да се работи четири дена, а да се земе плата за пет. Вработените ја добиваат својата целосна плата, иако поминуваат значително помалку време на работа.

– Тоа може да биде пилот-проект, кој може да се проба во одредени дејности за да се види дали продуктивноста на работниците ќе биде иста за 32 како и за 40 часа. Ние и во минатото имавме предлог да се намали работната недела на 36 часа, бидејќи сметавме дека ќе се постигне истиот ефект. Сепак, мислам дека во Македонија не може да функционира скратена работна недела од четири дена, бидејќи на работодавците од приватниот сектор и 40 часа им се малку. Тие сакаат работниците да работат 48 часа, а да им платат само 40 – вели за весникот ВЕЧЕР Иван Пешевски, потпретседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

И тој смета дека доколку се воведе скратена работна недела, работниците ќе бидат помотивирани и дека ќе ја извршуваат истата работа што ја извршуваат за 40 часа.

– Кај нас, 50 отсто од работниците во приватниот сектор имаат нерегистрирани работни часови, односно прекувремени работа што не им е платена. Овие работни часови не се регистрираат за да не им се платат. Законски, работниците не смеат да имаат повеќе од 8 часа дополнителни работни часови во неделата, односно не повеќе од 190 часа годишно. Но, тоа не е случај кај работниците од трудоинтензивните дејности, кои работат повеќе за иста плата – објаснува Пешевски.

И работодавците се согласуваат дека скратената работна недела во Македонија ќе остане само сон.

– Во моментов, четиричасовната недела кај нас е далеку од реалноста, со оглед на тоа што немаме квалитетен кадар за да може да се направи систематизација, односно реорганизација на работата и за да се работи помалку часови – објаснува Бошков и додава дека има специфични дејности како во индустријата, каде што има производство и висока технологија во кои не може да се воведе четиридневна работна недела.

Дел од работодавците сметаат дека четиридневната работна недела кај нас може да се примени во државната администрација, но не и во приватниот сектор.

– Четиридневната работна недела кај нас може да се примени во државната администрација, но не и во приватниот сектор. Приходите на компаниите директно зависат од оствареното производство, а тоа, пак, од работните часови. Што значи, ако се работи помалку, ќе се земе и помала плата, но тоа не е во интерес на работниците. Ние не можеме да се рамниме со европските држави, кои остваруваат најголем дел од приходите од услуги. Во држави како нашата, каде што доминира преработувачката индустрија со високо учество на работната сила, ова е невозможно – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Тој смета дека може да се реализира оваа идеја во услужните дејности, бидејќи, како што вели, приходите од каматите на банката нема да се намалат ако работи банката четири дена. Но, во производство тоа не е така.

– Има технолошки процеси каде што производството не може да се запре. Така што проблем е и неработната недела, а не, пак, три дена во неделата. Од друга страна, во некои дејности е потребна и трета смена, а не, пак, четиридневна работна недела – вели Димитров.

Во светот, работодавците имаат проблем да најдат работници дури и кога ги зголемуваат платите и нудат стимулации. Така што немаат проблем со тоа да се намали работното време, а платата да остане иста само за да ги задржат работниците.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.