Advertisement
Во бугарскиот град Бургас утрово бил приведен возач на камион со стотина илегални мигранти, соопшти портпаролката на Регионалната управа на МВР во градот, Цветелина Рандева.
Advertisement
Идентификуван е возачот на камионот – 60-годишен македонски државјанин
Товарниот камион и неговиот возач се приведени околу 06:45 часот. Превезувал само мажи со авганистанско потекло. Утврдено е дека истите биле натоварени во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас. Таму бил спречен од полициски службеници во приморскиот град. Од полицијата дополнително известија дека во камионот на македонскиот државјанин имало 88 мигранти, а не над 100 како што првично беше објавено.
За случајот е поведена предистражна постапка, објави агенцијата БТА./4news.mk)
Advertisement