ЕУ НАСПРОТИ САД: Еврото падна под еден долар, достига историски најниско ниво во последните 20 години во однос на американската валута

news
Advertisement

На валутниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути утрово дополнително се зголеми и се приближи на највисокото ниво во последните 20 години, бидејќи се очекуваат натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки од страна на ФЕД.

Advertisement

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,90 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,23 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен околу 137,40 јени, колку што беше и вчера во овој момент.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на најниските нивоа во последните 20 години, под нивото од еден долар. Курсот на еврото во моментов е околу 0,9940 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0027 долари.

Притисокот врз еврото е последица на стравувањата на инвеститорите дека економијата на еврозоната ќе западне во рецесија поради енергетската криза, додека Европската централна банка треба повторно да ги зголеми каматните стапки поради високата рецесија./denesen.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.