Македонски камионџија фатен со 270 килограми марихуана во Хрватска/

news
Advertisement

Хрватската полиција во петокот на граничниот премин Бајаково во камион управуван од 43-годишен државјанин на Македонија пронашла 270 килограми марихуана, а возачот е приведен и поднесена е кривична пријава.

Advertisement

Марихуаната била спакувана во 20 вакумирани вреќички и сокриена меѓу палети со друг товар во камионот.

УСКОК отвори истрага против 43-годишниот возач, осомничен дека е член на меѓународна криминална организација која шверцувала дрога, а истражниот судија на Жупанискиот суд Осиек му изрече мерка притвор.

Според полицијата, осомничениот на 06.01.2023 година околу 11 часот на Меѓународниот патен граничен премин Бајаково, управувајќи товарно возило, се приближил до влезната гранична контрола каде ја пријавил стоката, но полициски службеници од Граничната полициска станица Бајаково, во во соработка со царинските службеници, изврши преглед на товарниот простор на приколката и заедно со пријавената стока, пронајде и одзеде речиси 270 килограми марихуана спакувана во 20 ПВЦ кеси.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.