Овие биле поитри од нашите во Идризово: Си направиле мал тунел под мијалникот и избегале од затворот

news
Advertisement

Модерните затвори најчесто се опремени со најсовремена технологија за надгледување, но секогаш и секаде се случуваат пропусти. Сме слушале за различни бегства од затвори со најсилно обезбедување, ама ова бегство кое ни доаѓа од Израел е посебно. Налик нашето од пред некој ден кога во затворот во Идризово група затвореници ископале тунел од 40 метри. Тунелот бил на длабочина од еден метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри… Ама без успех…

Advertisement

Израелската полиција кога се случи настанот организираше голема потера во северен Израел и окупираниот Западен Брег, бидејќи шест затвореници од Палестина избегаа од затвор, пренесе Би-Би-Си.

Затворениците избегаа со помош на луѓе надвор од затворот, преку тунел ископан до затворот Гилбоа, кој се сметаше за еден од најбезбедните. Израелскиот премиер Нафтали Бенет го нарече бегството „сериозен инцидент“ кој бара максимален напор од разни израелски безбедносни служби.

Избеганите затвореници беа на возраст меѓу 26 и 49 години

Се претпоставува дека затворениците се упатуваат кон Џенин, на окупираниот Западен Брег, каде меѓународно признатите палестински власти имаат барем одредена контрола.

Израелски хеликоптери летаа над градот, а палестинскиот затворски клуб што ги претставува поранешните и сегашните затвореници изјави дека избеганите затвореници се на возраст од 26 до 49 години.

Еден од нив е 46-годишниот Закарија Зубеиди, која беше во затвор од 2019 година и беше лидер на бригадата Ал Акса поврзана со организацијата Фатах за време на второто палестинско востание пред повеќе од 20 години.

Четворица затвореници отслужуваат доживотна казна затвор, соопшти клубот.

Израелските медиуми објавија фотографија од излезот од тунелот и едно лице во црна маица кое гледа во дупка во земјата.

Од е видеото од 2021 година, во септември кога и се случи бегството и се гледа тесен премин во подот под мијалникот, а бегалците преку тој премин стигнале до дренажниот систем на затворот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.