Каевски: Платите и пензиите растат, додека цените на основните прехранбени продукти се намалуваат

news
Advertisement

„Владата донесе одлука со која се замрзнуваат цените на јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година и оваа мерка ќе биде со важност до 30 април 2023 година“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„Претходно со одлука на Влада беше дефинирана максималната цена на лебот од 450 грама на 33 денари, а намалени се цените и на тестенините и на млекото и млечните продукти за 15, односно за 10 отсто.

Advertisement

Истовремено, растат платите и пензиите за уште повеќе пари во семејните буџети.

Од овој месец минималната плата изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Исто така од овој месец се зголемуваат и пензиите за рекордни 8,4 отсто,

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.