ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за новогодишната ноќ?

news
Advertisement

До самиот крај на оваа 2023 година во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и на претежно сончево време со сосема слаб ветер. По одделни котлини и речни долини, особено Долж Повардарието и понатаму ќе биде магливо, повремено маглата ќе биде густа и таму ќе биде постудено. И Скопската котлина ќе биде под магла и под ниска облачност.

Advertisement

По котлините, особено оние Долж Повардарието воздухот ќе биде многу загаден, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

„Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, но и на првиот ден од новата 2024 година, односта стабилно, суво и сончево, но магливо по котлините и со ниска облачност. Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а само понекаде за неколку степени под нулата, што значи нема да биде многу студено. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, што значи ќе бидат натпросечно високи. Понекаде во најтоплите предели од државава тие можно е да се искачат дури и над 15 степени, што беше случај и изминатите денови“, вели метеорологот Славчо Попоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.