ВИДЕО Драматични снимки од Копаоник: Скијач нападнат од чопор сред стаза, едвај се извлече!

news
Advertisement

Глутница кучиња денеска нападнала скијач додека скијал на Копаоник.

Advertisement

На социјалните мрежи денеска се појави драматично видео од Копаоник каде скијач бил нападнат од глутница кучиња. Видеото го објави страницата на „Инстаграм“ „Копаоникинфо“ на која се гледа како скијач се спушта по планината, а потоа во еден момент се појавува глутница кучиња.

Едно куче дури успеало да го стигне и да му ја гризне ногата. За среќа мажот избегал без сериозни повреди.

Дејан Севковиќ е човек кој дресира кучиња. По оваа случка тој даде краток совет како да се однесувате во вакви ситуации.

„Најважно е да останете присебни и не треба да продолжите да скијате бидејќи кучињата во глутницата имаат стекнато инстинкт за лов и ако бегате, тоа само го зајакнува кучето да продолжи со нападот. Затоа треба да застанете и да се свртите кон кучето што ве брка, можете да ја искористите вашата опрема за да ги исплашите кучињата“, рече Шевковиќ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.