Eден возач се преврте, друг излета од патот – две сообраќајки вчера кај Гевгелија, возачите се хоспитализирани

news
Advertisement

Двајца гевгеличани учествуваа во одделни сообраќајни незгоди во Гевгелиско, во текот на вчерашниот ден, пришто едниот со возилото се превртел на коловозот откако ја изгубил контролата, а вториот излетал од патот.

Advertisement

МВР објави информации за двете сообраќајни несреќи:

Пребарај..
МАКФАКС
МАКФАКС
ЦРНА ХРОНИКАEден возач се преврте, друг излета од патот – две сообраќајки вчера кај Гевгелија, возачите се хоспитализираниОбјавено пред 1 минута – 10 септември, 2023Од Е. Т. / Макфакс

Двајца гевгеличани учествуваа во одделни сообраќајни незгоди во Гевгелиско, во текот на вчерашниот ден, пришто едниот со возилото се превртел на коловозот откако ја изгубил контролата, а вториот излетал од патот.

dobivaj vesti na viber
МВР објави информации за двете сообраќајни несреќи:

„Вчера во 17.15 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат 1108, с.Ново Конско – Старо Конско, патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ц.Ч.(37) од Гевгелија, изгубило контрола и се превртело на коловозот. По несреќата возачот Ц.Ч. е пренесен во Јавна здравствена установа Гевгелија каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија“.

„Вчера околу 21.10 часот на регионалниот пат 1102, клучка „Прдејци“– клучка „Смоквица“, во близина на бензинска станица, патничко моторно возило „митцубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(51) од с.Богородица, изгубило контрола и излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.