38 американски волонтери утре доаѓаат во Македонија и две години ќе работат во градови и села

news
Advertisement

Вкупно 38 Американци утре треба да пристигнат во Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации низ државата. Волонтерите ќе бидат пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Македонија, Дебора Конор.

Advertisement

За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.

„Ова е 26-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ државата. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Северна Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во државава од 1996 година“, информираат од Мировниот корпус.

Мировниот корпус е американска владина организација која ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.