Максим Димитриевски: Јас сѐ уште сум член на СДСМ

news
Advertisement

Согласно статутот на СДСМ, правно-формално, јас сум сѐ уште член на СДСМ, вели во интервју за неделникот „Фокус“, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој победи на последните локални избори како независен кандидат и не доби поддршка од СДСМ.

Advertisement

-Ова прашање треба да го упатите до актуелното раководство на СДСМ. Мислам дека ни тие самите не знаат каков е мојот статус во партијата. Но, правно-формално, согласно статутот на партијата, јас сум сѐ уште член на СДСМ. За мена ова е апсолвирано прашање, вели Димитриевски на прашањето каков е сега неговиот статус во партијата.

Димитриевски својата политичка иднина ја гледа како составен дел на едно големо граѓанско движење на национално ниво и вели дека и да има конкретна понуда за враќање во СДСМ нема да ја прифати.

-Немам конкретна понуда за враќање на СДСМ директно од Ковачевски, а и да ја има, не би ја прифатил. Но, има голем број луѓе блиски до раководството, па и до Ковачевски кои во својство на емисари нудат различни предлози за кои не сум заинтересиран. Јас немам намера да ги разочарам граѓаните и да бидам само една нова реприза во практиките на должничко-доверителските односи во политиката и никогаш, ама никогаш нема да ги разочарам тие што гласаа за мене како независен кандидат, рече Димитриевски во интервјуто.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.