Малата Данка е удрена од автомобил, па фрлена во депонија: нови детали за убиството на девојчето во Бор

news
Advertisement

Потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството и на јавноста се остварија, а утринава се уапсени две лица осомничени дека со автомобил убиле девојче, а потоа нејзиното тело го фрлиле во дива депонија покрај Старобањски пат кај Бор, дознава АТВ, пренесува „Нова.рс“.

Advertisement

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, С. Ј. (50) од село Лука и Д. Д. (50) од село Злот.

„С. Ј. е осомничен дека со службеното возило ‘фиат панда’ удрил во пешак, двегодишно девојче , при што го усмртил. Заедно со колегата Д. Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото по што се упатиле кон дива депонија кај Бор, каде што телото го фрлиле на десната страна од патот“, вели извор близок до истрагата.

С. Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д. Д. за помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето, и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на Бор укажува дека сè се случило на 26 март околу 13.52 часот, односно само седум минути по исчезнувањето на девојчето, се вели во пријавата на мајката.

„С. Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот поради што со предниот десен дел од возилото го удрил девојчето и го убил“, вели извор од истрагата, пишува АТВ.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор. Кога исчезнала, била со мајка си и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, првпат во Србија е активиран системот „Најди ме“. 4 април, 2024Од М. Т. / Макфакс

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.