Малески: Имавме среќа што Албанија и во Косово не се движеа кон ЕУ побргу од нас…

news
Advertisement

…Деновиве, како Македонци негодуваме што албанските претставници во власта не се доволно чувствителни кон нашите идентитетски трауми кон Бугарија, заборавајќи на фактот дека тие трпеливо нѐ чекаа четврт век во спорот со Грција, пишува професорот и прв шеф на македонската дипломатија по осамостојувањето, Денко Малески, во колумна за Фокус

Advertisement

Имавме среќа што нивните сонародници во Албанија и во Косово, зафатени со своите проблеми, не се движеа кон ЕУ побргу од нас. Косово уште ќе заостанува, сѐ додека не се реши спорот со Србија, но Албанија тргна напред.

Македонските и албанските политичари во нашата заедничка држава мораат да мислат на ефектите што тоа ќе ги има врз Македонија.

Забрзано движење на Албанија кон ЕУ и стоење во место на нашата држава е рецепт за неволји.

Успешниот пример на трансформација на албанското општество во просперитетна демократија од другата страна на отворената граница, во отсуство на таков подем кај нас, може да биде повод за радикализација на албанското население.

Не знам каква е состојбата денес, но во една книга на норвешки професор од пред петнаесетина години, во анкета спроведена меѓу Албанците во Македонија, Косово и Србија, на прашањето дали сте за припојување кон Албанија, најголем процент на оние „за“ беше во Македонија‘, вели Малески…

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.