УЛИЦИТЕ НАДВОР СЕ ПРАЗНИ, А ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НАРОДОТ Е СПОКОЕН Ковачевски им објасни на пратениците зошто се важни уставните измени

news
Advertisement

Предлогот за менување на Уставот има само еден мотив: влез во ЕУ. Тоа што го бара и го очекува огромното мнозинство граѓани во државата. Предлогот е наш македонски, напишан во Скопје, и затоа со цела одговорност ги отфрлам лажните тези дека постои некаков диктат од било кого за било што, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната пленарна седница во Собранието.

Advertisement

Влезот во ЕУ е и ќе биде најдобриот државен итенграциски, меѓугенерациски, економски правен и политички процес, нашето сврзно ткиво, нашиот начин да бидеме држава со сите стандарди.

Вака премиерот Димитар Ковачевски го започна својот говор на денешната пленарна седница во Собранието, на која треба да се дискутира дали да се отвори македонскиот Устав и во него да се впишат Бугарите заедно со пет други народи.

– Предлогот за менување на Уставот има само еден мотив: влез во ЕУ. Тоа што го бара и го очекува огромното мнозинство граѓани во државата. Предлогот е наш македонски, напишан во Скопје, и затоа со цела одговорност ги отфрлам лажните тези дека постои некаков диктат од било кого за било што. Постои само нашата сегашна историска моќност за да направиме нешто добро за државата. Со усвојување на предлогот да донесеме одлука да не стоиме во место, туку да чекориме кон членство во ЕУ и да ја сотвариме целта за полноправно членство до 2030 година. Ова е наш македонски предлог, поддржан од ЕУ и од САД. За само една година поддршката за нас драстично се зголеми – рече Ковачевски.

Ако ја погледнеме вистината в очи, додаде тој, тогаш ќе видиме дека на македонски јазик се говори и во Брисел, и во Берлин, и во Вашингтон.

– Се случи сето спротивно од тоа што го заговараа домашните политканти. Станавме посилни, поцврсти и зад нас стојат најголемите и најсилните. Секој разумен човек знае и гледа дека уставните измени нема негативно да се одразат врз државата, бидејќи тие не загрозуваат ниту едно македонско идентитетско прашање. И тоа е целосно јасно. Затоа денеска, кога ќе ги погледнете улиците во Скопје, гледате дека сѐ е мирно и дека граѓаните очекуваат подобра иднина. Не само сега, туку во континуитет, државата се гради како демократија којашто практикува сѐ она коешто е наведено во нашето општество преку уставните и законските акти. Предлогот го продолжува патот кон целосна интеграција на Републиика Северна Македонија во ЕУ – истакна премиерот.

Нови барања од Бугарија нема да има, порача Ковачевски.

– Нема да има ново вето од било кого и за било што. Сега, после 30 години, кога сме во завршницата, ние бараме и нудиме решение да не згрешиме како држава и повторно да потрошиме декади во чмаење и во чекање. До 2006 година бевме рамо до рамо со Хрватска, а денес таа е членка на ЕУ, затоа што води паметна политика и има паметни политичари. А ние не мрднавме ни еден милиметар од евроинтеграциите. Тоа не смее да се повтори. Ако тогаш тие не застанаа зад Хрватска, денес не смееме да заостанеме зад Србија или зад Албанија. Генерациите сакаат резултати, младите да си останат дома. Младите не се отселуваат поради Уставот, туку со единствената потреба да живеат дома нормално, побогато и мирно. Да живеат европски како нивните врсници во европските градови.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.