Пратеникот од партијата на Љубчо Георгиевски ќе гласа за промена на Уставот

news
Advertisement

ВМРО-Народна партија упатува порака и јасен став дека ќе гласа за измена и дополнување на Уставот се со цел конечно затворање на децениските проблеми на државата и конечно отпочнување на официјалните пристапни преговори за влез во Европската унија со отворањето на кластерите и реализација на потребните реформи.

Advertisement

Уште еднаш должни сме да кажеме дека со овие предлог уставни промени конечно Северна Македонија ќе добие избалансиран Устав кој во никој случај не го загрозува идентитетот, кој ќе не ослободи од багажот и потешкотиите со кои се соочуваме веќе години наназад, а притоа и ќе ни го отвори патот кон Европската унија.

Овие измени и дополнувања на Уставот се само уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Македонија кон Европското семејство.

Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија.

ВМРО-Народна партија уште еднаш упатува апел до сите пратеници да преземат одговорност за иднината на Северна Македонија и го изберат вистинскиот пат за да Северна Македонија конечно го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат.

ВМРО-Народна партија

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.